Постојат и тестови преку кои може да се утврдат симптомите на мозочниот удар. Еден од најдобрите тестови е наречен F.A.S.T. (Face, Arms, Speech, Time).

-          Лице: Побарајте човекот за кој мислите дека преживеал мозочен удар да се насмевне за да утврдите дали едната страна на лицето не се подигнува

-          Раце: Проблеми со подигнување на едната од двете раце.

-          Говор: Дали може да повтори едноставна реченица или нејасно кажува одредени зборови?

-          Време: Доколку лицето покажува некој од овие симптоми, јавете се на доктор што побрзо можете.

Времето поминато по мозочниот удар можеби е најзначајниот фактор за тоа каква ќе биде судбината на пациентот. При недостиг на кислород на мозочните клетки тие почнуваат да умираат во истата минута. Постојат лекови кои можат да го запрат оштетувањето на клетките, но тие мораат да бидат употребени најмногу три часа по настапувањето на ударот. Кога еднаш мозочното ткиво ќе се оштети, тогаш деловите од телото кои биле контролирани од тој дел на мозокот нема да работат нормално. Ова е причината зошто мозочниот удар прави долгорочни последици.

ВИДИ-ПРЕПОЗНАЈ-ТРЕТИРАЈ!   #StrokeEurope

По почетокот на мозочниот удар тимот на итна медицинска помош има голема одговорност, брзо и навремено да го пренесе пациентот во најблиската установа за третман на мозочн удар. Пациентите кај кои симптимите постепено се повлекуваат или веќе се повлекле потребно е во следните 24 часа да посетат невролог со цел да се намали ризикот од појава на следна атака или мозочен удар, бидејќи тие имаат висок ризик.

Пациентот со мозочен удар треба  во 30-60 минути  од почеток на симптомите да се одвезе до најлискиот центар, бидејки во секоја минута 1.9 милиони неврони изумираат.

Амулантниот тим на итна медицинска помош мора да е запознаен добро со препознавање и  дијагностика на мозочен удар но и точно информиран каде пациентот да го пренесе. Лекарите од тимот се одговорни да го најават пристигнувањето на ваков пациент во единицата за мозочен удар со цел специјалистите да се подготват за дочек и брза реакција кај овие пациенти.

Тимот на итна медицинска помош може да придонесе во спасување на животи, односно едуцираноста на тимот може да значи живот или смрт.

КАДЕ ДА СЕ ЛЕКУВА - ДА СЕ ЗНАЕ КАДЕ ДА СЕ ОДИ: ЕДИНИЦИТЕ ЗА МОЗОЧЕН УДАР СПАСУВААТ ЖИВОТИ   #StrokeEurope

Мозочниот удар е оштетување на мозокот предизвикано од прекин на крвното снабдување или прскање на крвен сад кое предизвикува истекување на крв во мозокот.

Не е доволно да се знаат симптомите на мозочниот удар. Медицинскиот персонал кој го третира пациентот со мозочен удар треба да знае кога да реагира, како да реагира и како соодветно да се грижи за пациентот со мозочен удар за да тој/таа има најдобра можност за преживување и опоравување.

Единицата за мозочен удар е специјално одделените во болницата каде пациентите со мозочен удар се згрижуваат со помош на мултидисциплинарен тим кој специјализирал за третман на мозочен удар. Јадрото на тимот се состои од доктори, медицински сестри, физиотерапевти, окулациони тераписти, логопеди, нутриционисти, асистенти на терапија, психолози и социјални работници. Ако е потребно понекогаш се викаат и други здравствени професионалци.

Во единицата за мозочен удар, севкупниот третман за мозочен удар го овозможува специјализирани комбинирани (акутни и рехабилитациски) единици за мозочен удар што значи дека за пациентите со мозочен удар се грижат од најраната фаза на низниот мозочен удар се до значаен дел од нивната рехабилитација и понекогаш до испуштање од болница.

Истражувањето покажа дека пациентите со мозочен удар третирани во едниница за мозочен удар имаат подобар исход во однос на оние третирани во нормалните медицински одделенија. Пациентите имаат поголема шанса да го преживеат мозочниот удар, имаат помал инвалидитет и се способни да живеат независно ако се третирани во единица за мозочен удар.

ТРОМБОЛИЗА ГО ТРГА ТРОМБОТ, ТИ ГО ДАВА НАЗАД ЖИВОТОТ  #StrokeEurope

Зборот "мозочен удар" доаѓа од изразот "удар од раката на Господ", бидејќи во минатото воглавно се верувало дека малку може да се направи за да се третира мозочниот удар. Но, од средината на 1980
кога била воведена тромболитичната терапија за третман на акутен миокарден инфаркт и мозочен удар, знаеме дека ако жртвата од мозочен удар е итно третирана во период од 3-4,5 часа, инвалидизирачкиот долготраен ефект од мозочен удар може да биде избегнат или во голема мера намален. Еден голем проблем со тромболизата е дека треба да се даде во првите 4,5 часа и за несреќа, многу луѓе не ги препознаваат почетните предупредувачки знаци за мозочен удар. Одложувањето на третманот во многу случаи прави да е тешко или невозможно да се третираат. Значи, критично е да се препознаат симптомите на мозочен удар и да се бара итна медицинска грижа.

Мозочниот удар се случува кога дел од мозокот нема доток на крв. Мозочните клетки имаат потреба од ова крвоснабдување за да преживеат. Постојат два типа на мозочен удар: Еден е поради исхемија кога постои блокирање на артеријата и другиот е хеморагичен мозочен удар каде постои крварење во мозокот. Хеморагичните мозочни удари се помалку чести. Тие резултираат од руптуриран крвен сад или од аневризма.


Исхемичниот мозочен удар настанува во над 80% од сите типови на мозочен удар. Ако моменталното нарушување се повлекува, се нарекува транзиторна исхемична атака (ТИА). ТИА би требало да се свати сериозно како мозочен удар бидејќи тие се индикации дека пациентот е со ризик за дефинитивен мозочен удар. Главната причина за мозочен удар и ТИА е болест на каротидната артерија. Кога постои значајно формирање на плаки во каротидната артерија, тоа може да го блокира снабдувањето на мозокот со крв.