ПРВИТЕ ТРИ ДЕНА ПОСЛЕ МОЗОЧНИОТ УДАР ГО ДЕФИНИРААТ ТВОЈОТ ПАТ КОН
ОПОРАВУВАЊЕТО #StrokeEurope
Првите 3 дена откако пациентот е примен во единица за мозочен удар
се нарекуваат хиперакутна фаза на третман и грижа, бидејќи го
покрива периодот откако пациентот влегува во болницата до времето
кога тој/таа е надвор од непосредна опасност.
Во првите 30 минути од влегувањето во единицата за мозочен удар,
пациентот со мозочен удар е прегледан од невролог кој одредува за
каков тип на мозочен удар станува збор и на кое ниво. После тоа,
пациентот треба да биде сликан со компјутеризирана томографија на
мозокот за да се одреди дали мозочниот удар е исхемичен или
хеморагичен, што му овозможува на докторот да одлучи дали на
пациентот му е потреба хируршка интервенција или тромболиза.
Откако ќе се аплицира соодветниот медицински третман, пациентот во
оваа хиперакутна фаза се сместува на кревет за специјален
мониторинг. Се ова вообичаено завршува во првиот час од доаѓањето во
болница или во единицата за мозочен удар. Следните 3 дена пациентот
е мониториран за евентуален рецидив на мозочен удар, за време на кој
медицинскиот персонал гледа дали мозочниот удар влијаел врз
пациентот и во која мера и пробаат да му олеснат колку што е повеќе
можно низ раната рехабилитација. Раната рехабилитација се состои од
тоа да се осигура дека креветот на пациентот е доволно комфорен,
дека афектираната страна на телото е во вистинската позиција која ја
намалува можноста за спазми или вкочанетост, и благите вежби кои и
помагаат на крвната циркулација и севкупната физичка и физиолошка
состојба на пациентот. Ако мозочниот удар предизвикал неподвижност
на било која страна од телото, физијатарот треба да назначи одредени
вежби. Некогап пациентот со мозочен удар има дефицит во
комуникација, како што е потешкотии во разбирањето или продуцирањето
на говорот коректно (афазија), нејасен говор поради слаби мускули
(дизартрија), и/или потешкотии во програмирање на оралните мускули
за продукција на говор (апраксија). Ако се случи ова, логопедот може
да отпочне со програм на третман за да се олеснат дефицитите во
когнитивните функции, комуникацијата и голтањето после мозочниот
удар.
МОЗОЧНИОТ УДАР СЕ СЛУЧИ: КАКО ДА СЕ ВРАТИТЕ НА ВАШИОТ ЖИВОТ #StrokeEurope
Ниту еден мозочен удар не е ист, и влијанието на преживеаниот од
мозочен удар и нивните фамилии/или особи кои се грижат за нив може
да биде уништувачко и повеќекратно. Освен телесните функции,
мозочниот удар истотака ги афектира и секојдневните активности, не
само на прежиеаниот од мозочен удар, туку и на сите околу него/неа.
Колку овие последици влијаат на преживеаниот од мозочен удар и
неговата околина, во голема мера зависи од рехабилитацијата после
мозочниот удар. Една третина од преживеаните од мозочен удар
излегува од болница без никакви последици и продолжува да го живее
животот како ништо да не се случило. Но, една третина од
преживеаните од мозочен удар се оставени со трајни последици, кои
варираат во интензитет и величина.
Во зависност од тежината на пореметувањето, пациентите со мозочен
удар може да бидат отпуштени дома после хипер-акутната фаза или
после акутната фаза. Ако преживеаниот од мозочен удар има мало
пореметување и е способен за одење, зборување, голтање и
функционирање без проблеми, во повеќето земји тој/таа ќе биде
отпуштен од болница веднаш после хиперакутната фаза, т.е. кога
неговото здравје е стабилно. Но, во некои земји, ова истотака се
прави со сите преживеани од мозочен удар без разлика дали тие имаат
мало или големо пореметување, воглавно порати тоа што медицинската
заедница мисли дека е подобро за преживеаниот од мозочен удар да
започне рехабилитација во домашни услови што е
можно побрзо така да тој/таа можат да се опорават и да
продолжат со својата дневна рутина.
Како и секогаш, постојат за и против оваа метода. За - е дека
товарот од опоравувањето паѓа единствено врз преживеаниот од мозочен
удар, а не само на општеството и земјата;
дека преживеаниот од мозочен удар почнува со фазата на домашна
рехабилитација и дека колку порано започнува, толку порано ќе биде
подобро. Но постои и против. Што ако преживеаниот од мозочен удар
нема медицинско осигурување или пензија која же му/и помогне во
процесот на рехабилитација? Што ако нема кој да му/и помогне физички?
- Често поставувани прашања за мозочниот удар
- > Како настанува мозочен удар ?
- > Како да го препознаеме мозочниот удар ?
- > Транзиторна исхемична атака - ТИА
- > Мозочен удар - тестови и испитувања