Мозочниот удар е прва причина за инвалидитет насекаде во Европа. Втора најчеста причина за смрт.

Фатален е во една третина од случаите. 1 од 4 семејства во тек на животниот век се афектирани од МУ.

80% од мозочните удари може да се спречат. Зошто превенцијата на мозочните удари не е успешна?

- Подигнете ја свеста и запознајте ги ризик факторите за мозочен удар. Активно учествувајте во намалување на застрашувачките бројки.  

- Мислите дека пливањето со ајкули е опасно? Ако не ги примате редовно таблетите против висок притисок е смртоносно!

- Покачените вредности на холестерол може да го блокираат спроведувањето на крв во мозокот и да предизвика мозочен удар.

- Дали знаете дека болните од диабет имаат 4 пати поголем ризик да заболат од мозочен удар?

Атеросклерозата го намалува или блокира протокот на крв низ крвните садови во мозокот и го зголемува ризикот за настанување на мозочен удар.

Физичката неактивност е важен ризик фантор еден од 5- те клучни ризик фактори за мозочен удар.

- Пушењето го зголемува ризикот за 50% кај двата пола и во сите старосни групи.

- Алкохол > 2 алкохолни пијалоци го зголемува ризикот од мозочен удар за 50%.

- Промени го начинот на исхрана, внимавај на телесната тежина, вежбај, посети го својот лекар, одкажи се од пушење и консумација на алкохол.

- Контролирај ги ризик факторите.

- Подигање на свеста и запознавање со ризиците за мозочен удар допринесува да се спасат животи. Помогни и ти во намалување на застрашувачките броеви.

        

КОНТРОЛИРАЈ ГО КРВНИОТ ПРИТИСОК ЗА ДА НЕ ДОЈДЕ ДО МОЗОЧЕН УДАР! #StrokeEurope

Регулирај го крвниот притисок, често контролирај го и лекувај го. Така ќе се заштитиш од мозочен удар.

Доколку не се контролира редовно крвниот притисок, се јавуваат разни симптоми и тегоби. Може да настане срцева слабост, бубрежна слабост, миокарден инфаркт но и мозочен удар.

Околу една половина од болните со нетретирана хипертензија умираат поради срцеви болести, најчесто исхемична срцева болест а една третина умираат поради мозочен удар.

 

Високиот крвен притисок е еден од најголемите ризици за настанување на мозочен удар. Тој го оптоварува срцето и ги оштетува артериите а со тек на време и органите во телото. Споредбено со луѓето кои имаат нормален крвен притисок оние со висок крвен притисок почесто страдаат од мозочен удар. Околу 87% од мозочните удари се исхемични односно мозочни удари кои настануваат како резултат на стеснување или зачепување на крвните садови во мозокок при што доаѓа до прекин на  циркулацијата во мозочното ткиво. Околу 13% од мозочните удари се хеморагични односно настануваат како резултат на пукање на крвен сад во мозкот. Долго време  нелекуван висок крвен притисок доведува до оштетување на зидот на крвните садови и нивно пукање.  Луѓето кои имаат фамилијарна историја за висок крвен притисок, оние кои се постари од 35 години, обезни, внесуваат многу сол во исхраната или конзумираат неумерено алкохол, жените кои употребуваат контрацептиви или се бремени, како и оние кои се физички неактивни имаат зголемен ризик за да добијат висок крвен притисок или мозочен удар. 

Со цел да се превенира мозочниот удар и намали крвниот притисок потребно е да се одржува нормална телесна тежина, да се применува балансирана диета со ниска содрина на сол, да се косумира доволно овошје и зеленчук, да се ограничи употребата на алкохол на 2 единици на ден за мажи или една за жени, редовно да се земаат лекарствата препишани од лекарот како и често да го контролирате крвниот притисок.

Контролирајте го крвниот притисок!

 

АТРИЈАЛНА ФИБРИЛАЦИЈА

ФАТИ ГО РИТАМОТ НА СРЦЕТО-ПРЕВЕНИРАЈ МОЗОЧЕН УДАР! #StrokeEurope

Проценето е дека околу 15% од мозочните удари настануваат како резултат на нетретирана атријална фибрилавција. Атријалната фибрилација представува најчест тип на аритмија односно нарушување на срцевиот ритам, нарушено срцево одчукување. Атријалната фибрилација драматично го зголемува ризикот од мозочни удари. Болните со атријална фибрилација имаат 5 пати повисок ризик да добијат мозочен удар. Во последните 20 години атријалната фибрилација представува еден од најтешките и најзначајните проблеми во здравсртвото и сигнификантна причина за зголемување на трошоците во здравството особено во развиените земји од Европа.

Затоа ве повикуваме да се запознаете со овој проблем наречен "Ритам на животот,,. Погледнете ги следните видеа за да го разберете подобро овој предизвик. http://bit.ly/1incFom

Срцето на здрави луѓе одчукува ритмично односно се контрахира 60-80 пати во една минута, но кај болните од атријална фибрилација одчукува нерегуларно односно неритмично.

Срцето кај пациент со атријална фибрилација  работи како да е на маратон, дури и кога пациентот се одмара. Поради оваа хиперактивност и напор на срцето, симптомите на атријалната фибрилација често се: замор, малаксаност, вртоглавица, отежнато дишење па дури и несвестица. Некои од пациентите чувствуваат ,,подскоскнување,, во градите, други не чувствуваат ништо. Околу 94% од епизодите на атријална фибрилација се асимптоматски. И во некои случаи мозочниот удар се јавува како прв симптом на атријалната фибрилација.

Како и при други болести преваленцата (честотата) на атријалната фибрилација се зголемува со староста. Најчеста причина за атријална фибрилација е долго нелекуван артериска хипертензија (нелекуван висок крвен притисок) и болести на срцето. Атријалната фибрилација е најчеста компликација по оперативни зафати на срце.

Лекувањето на атријалната фибрилација и намалување на ризикот од мозочен удар може да е едноставно. Со други зборови атријалната фибрилација во некои случаи се лекува со лекување на основната причина доколку е можно. На пример ако атријалната фибрилација настанала поради хипертиреоидизам, со лекување на истиот ја лекуваме и атријалната.

Лекарите користат разни лекови за третман на атријалната фибрилација односно за регулација на срцевиот ритам. Најголем број од болните со атријална фибрилација покрај овој третман мора да се подложат и на други третмани како што се примена на антикоагулантна терапија и/или катетер аблација.

Пациентите кај кои срцевиот ритам не може да се контролира со лекови (или оние кои не сакаат да примаат редовно лекарства) мора да превземат други мерки за третман како што е катетерската аблација која представува нехируршка метода за третман. Постојат две главни техники на овој третман Криоаблација и Радиофреквентна аблација. Првата метода се изведува со ладење на ткивото, а кај втората со загревање на ткивото на дел од срцето, при што се создава лузна на дел од ткивото околу пулмонарните вени со цел да се блокира спроведувањето на електрични импулси низ срцето кои тригерираат абнормален срцев удар.

Како правилно да го проверете вашиот срцев ритам?

Поставете 2 прсти на рачниот зглоб помеѓу коската и тетивата над радијалната артерија, која се наоѓа на страната на рачниот зглоб каде што е палецот. Кога ќе го почувствувате пулсот измери ги одчукувањата во 60 секунди или во 15 секунди и помножи по 4 за да ги добиеш одчукувањата во 1 минута. Нормалниот ритам кај возрасни е ритмичен со 60 до 100 одчукувања во минута. Ако постојат неправилности време е да се обратите кај лекар.

 

Диета

Диета - промена на начинот на исхрана, диета со ниска содржина на сол и заситени масти, консумација на храна богата со растителни влакна, овошје и зеленчук. Редукција на консумацијата на алкохол.

 

Антиагрегациона терапија

Ја спречува агрегацијата на тромбоцити кај пациентите со исхемичен тип на мозочен удар кој настанал како резултат на тромботично зачепување на предходно артериосклеротично променет крвен сад. Докажано е дека оваа терапија може да превенира настанување на нов мозочен удар. Ацетилсалицилната киселина, клопидрогрел и дипиридамол се најупотребуваните лекови од оваа група.

 

Антикоагулантна терапија

 

Се препорачува кај оние пациенти кај кои исхемичниот мозочен удар настанал како резултат на болести на срцето (прележан срцев удар, болести на срцевите валвули или нарушувања на ритамот на срцето, поради кои доага до формирање на емболуси кои преку крвта стигнуваат до мозокот).

Варфаринот и кумаринот се такви лекови и се ефикасни при намалување на ризикот за нов мозочен удар. Голем број на други лекови интерферираат со дејството на антикоагулантите. Пациентите кои ја примаат оваа терапја не треба да консумираат алкохол. При терапијата со овие лекови задолжителна е консултација со матичниот лекар.

Каротидна хирургија и стентирање

Потребни се кога причина за исхемичниот мозочен удар е стеснување на луменот на големите крвни садови на вратот (каротидни артерии).

Постојат два начини да се разреши стеснувањето на луменот: еден со оперативен зафат - каротидна ендартеректомија, а вториот начин е поставување на стент во каротидните артерии. Овие процедури го намалуваат ризикот од повторен мозочен удар.

*Кога луменот на каротидната артерија е потполно зачепен овие интервенции не се изведуваат.